Светски ден на консултантите

Светски ден на консултантите

МКА 2000 се вклучува во европските текови на промоција на менаџмент консалтинг

Во текот на изминатата недела, Менаџмент консалтинг асоцијацијата МКА 2000, организираше и учествуваше на настани поврзани со промоција на менаџмент консалтингот и советувањето. На 5 јуни 2024 година, во просториите на Клубот на новинари во Скопје, беше организиран традиционален Форум на консултантите, во организација на МКА 2000, со учество на консултантите и консултантките од земјата.

Форумот на консултантите се состоеше од 3 посебни сесии. Првата сесија со наслов „Што значи да се биде менаџмент консултант“ беше предводена од почесниот претседател на МКА 2000, Љубомир Трајковски, и имаше за цел да предизвика дебата за дефиницијата на менаџмент консултант/ка.

Втората сесија беше со наслов „Зошто да се стекнеме со врвниот сертификат за менаџмент консултант, CMC®”, предводена од вториот почесен претседател на МКА 2000, Ристо Иванов.

Последната, но не помалку важна сесија, со наслов „Како е да се биде жена консултант/ка“ беше фасилитирана од нашата консултантка Македонска Димитрова.

На 6 и јуни 2024, во Софија, Бугарија, Претседателот на МКА 2000, Глигор Михаиловски, учествуваше на Самит на Европскиот хаб на Меѓународниот совет на менаџмент консалтинг организации, на која се дефинираше новата стратегија за промоција на менаџмент консалтинг во Европа. На маргините од самитот беа склучени меморандуми за соработка со менаџмент консалтинг институтите од Србија и Бугарија. Исто така, нашата земја беше поканета да се вклучи во иницијативата за промоција на Идни лидери консултанти.