ЈАВЕН ПОВИК за ресертификација за Сертифициран менаџмент консултант CMC®

ЈАВЕН ПОВИК за ресертификација за Сертифициран менаџмент консултант CMC®

Според правилата за CMC® – Certified Management Consultant, секој носител на сертификатот должен е истиот да го обновува (продолжува) на секои три години. Придобивките од ресертификација се: легитимно користење на CMC® титулата и знакот во комуникација со колеги и клиенти; објавување во регистарот на CMC® во Македонија преку интернет страницата на МКА 2000,  членување во група на врвни менаџмент консултанти на меѓународно ниво и исполнување на критериуми од различни јавни набавки за консултантски услуги. Повеќе информации за CMC® и постапката за ресертификација се достапни преку интернет страницата на МКА 2000 (www.mca-2000.org.mk).

Согласно процедурата за  ресертификација на  МКА 2000 кандидатот е  должен да  ја достави евиденција (прилози):

  • Најнова Работна биографија (CV) на англиски јазик (Прилог 1);
  • Листа на клиенти со цел да се утврди дека е испочитуван условот за минимум 80 консултантски денови по година заклучно со 2022 год. (Прилог 2- образецот на МКА 2000);
  • Извештај за личен професионален развој во последните 3 години на англиски јазик со минимум 18 часа годишно заклучно со 2022 година (Прилог 3- образецот на МКА 2000);
  • Минимум три референци / препораки од клиенти во последните 3 години на македонски или англиски јазик (Прилог 4);
  • Подмирена членарина за изминатите 3 години кон МКА 2000 (Прилог 5).

Уплата за покривање на трошоците за ресертификација во износ од 7.500 МКД се врши на име на Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА 2000, со дознака за ресертификација за CMC® на следната жиро сметка:  210-054329280161, НЛБ Банка АД Скопје.

ПРОЦЕДУРА

  1. Објавување на повикот
  2. Изразување на интерес за ресертификација до 15.10.2023
  3. Поднесување евиденција за ресертификација, до 29.10.2023 година
  4. Оценка на поднесената евиденција, до 15.11.2023
  5. Испраќање известување за обновување на сертификатот до 20.11.2023
  6. Доделување на CMC® документот за наредниот тригодишен период

Изразувањето на интерес за ресертификација и потоа доставување на евиденцијата во PDF формат или скенирана, како и за дополнителни информации, доставете барање по е-пошта на mca2000info@gmail.com.