Оглас за Секретар на МКА 2000

Оглас за Секретар на МКА 2000

Менаџмент консалтинг асоцијација (МКА) 2000 промовира извонредност во менаџмент консалтинг и придонесува кон националната конкурентност преку подобрување на вештините и професионализмот на своите членови и зајакнување на способностите на клиентите. МКА 2000 ги претставува интересите на своите членки и на професијата во целост, настапува во името на професијата пред бизнисите и јавниот сектор, законодавните институции и пошироката заедница, работи на подобрување на стручните и менаџмент способностите на своите членки, работи на создавање на предуслови за поефикасно работење на своите членки како тие би биле поуспешни.

Секретар на МКА 2000

За потребите на нашето работење и ширење на бројот на членови нудиме можност за ангажман на позиција Секретар во Извршната канцеларија на МКА 2000 (25% работно времен) на определен период од најмалку 6 месеци, во период од 1 април до 30 септември 2024 година, со договор на дело.

Улогата и обврските се состојат во управување со функционирањето на Извршната канцеларија, координација и спроведување на надлежностите на Извршната канцеларија согласно со утврдените планови и програми за работа во функција на успешно работење на МКА 2000. Истовремено, нудиме флексибилност во поглед на работното време, местото на работа, можности за стекнување на нови знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти пред сѐ во менаџмент консалтинг индустријата и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.

Работни задачи

  • оперативно менаџирање на извршната канцеларија во рамките на надлежностите на органите на МКА 2000;
  • оперативно-административна поддршка, како подготовка на седници на Управниот одбор, Надзорен одбор и на Собранието на МКА 2000;
  • одржување на релации и активна комуникација со членовите;
  • преземање проактивни чекори за предлози за проширување на членството;
  • подготовка на одлуки, извештаи, записници за работењето на МКА 2000 за разни цели;
  • преземање административни и координативни активности во процесот на аплицирање за проекти и менаџирање со проектното портфолио, известување за реализацијата на проектите пред УО;
  • спроведување на стратешките насоки на МКА 2000, подготовка на план и буџет за тековна година, раководење, координација и реализација на планираните активности утврдени со план за работа;
  • сметководствена контрола и подготовка за книжење, вршење на плаќања;
  • организација и координација на активностите за организација на настани на МКА 2000 (состаноци, вмрежување, други настани);
  • активна промоција на МКА 2000;
  • водење на актите, деловодник и администрирање на документи;
  • грижа за целосно функционирање на комуникациските канали; и
  • други работи и работни задачи во согласност со карактеристиката на работното место за потребите на МКА 2000.

Потребни квалификации и вештини

  • високо образование со најмалку 240 ЕКТС. Предност ќе имаат: економски науки, општествени науки, правни науки;
  • работно искуство од најмалку 7 години, со предност за кандидати со искуство од повеќе сектори: граѓански, приватен и јавен сектор како и искуство од работа со членски организации;
  • дигитална писменост (задолжително познавање на Microsoft Office апликациите и социјални медиуми, познавања од дигитален маркетинг);
  • задолжително познавање на македонскиот и англискиот јазик; предност ќе имаат кандидатите кои говорат повеќе јазици;
  • поседување одлични комуникациски, организациски, преговарачки и вештини за тимска работа;
  • поседување вештини за координација и раководење на тим;
  • претставителност, креативност, дипломатичност, исполнителност и одговорност;
  • познавање од проектен циклус, подготовка и водење на проекти ќе се смета за предност.

Доколку  имате желба да бидете дел од нашиот тим, посветени сте, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на единствената национална асоцијација на менаџмент консултанти, Ве покануваме да ja доставите вашата апликација преку е-маил на mca2000info@gmail.com најдоцна до 31.03.2024 со доставување на:

  • професионална биографија (CV);
  • писмо за пројавување интерес, со најмалку 3 референци.