МКА 2000 објавува ОГРАНИЧЕН ПОВИК за избор на ментори на кандидати за сертификација со ознаката Сертифициран менаџмент консултант – CMC®

МКА 2000 објавува ОГРАНИЧЕН ПОВИК за избор на ментори на кандидати за сертификација со ознаката Сертифициран менаџмент консултант – CMC®

Што претставува ознаката Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®)

CMC® (Certified Management Consultant) е сертификат за консултанти кои советуваат менаџери и помагаат во раководни процеси. CMC® се стекнува врз основа на меѓународни компетенции и е водечка професионална ознака во областа на менаџмент консалтингот во повеќе од 50 земји во светот. МКА 2000 е акредитирана асоцијација од Меѓународниот совет на менаџмент консалтинг институти ICMCI CMC-Global со што има исклучиво право да доделува CMC® сертификати за менаџмент консултанти во земјата. CMC® е меѓународен бренд за квалитет кој потврдува највисоки стандарди на менаџмент консултантот. 

Услови за избор на ментори на кандидати за Сертифицирани Менаџмент Консултанти (CMC®)

  • Член во МКА 2000 и подмирено членство
  • Поседување активен сертификат Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®) со важност од минимум 1 година
  • Апликантите не се дел од управните тела на МКА 2000
  • Најнова Работна биографија (CV) на англиски јазик;
  • Искуство во поддршка на консултанти / клиенти во подготовка на документи

Процедура за избор на ментори

  1. Објавување на повикот (15.09.2026)
  2. Поднесување апликација за ментор, до 10.10.2026
  3. Оценка на поднесената евиденција, до 15.10.2026
  4. Испраќање известување за апликацијата за ментор до 30.10.2026
  5. Учество на обука за ментори и асесори организирана од страна на Одборот за сертификација со CMC® и докажано познавање на темите наведени во Прирачникот на ментори на МКА 2000 (Анекс 1.)

Апликацијата, со соодветната придружна документација, во Ворд, PDF формат или скенирана, се доставува на mca2000info@gmail.com. Изборот на ментори е со важност од 3 години. За секој ангажман на избран ментор ќе биде исплатен еднократен надомест во согласност со одлука на Управниот одбор на МКА 2000.