МКА 2000 објавува ОГРАНИЧЕН ПОВИК за избор на оценувачи/асесори на кандидати за сертификација со ознаката Сертифициран менаџмент консултант – CMC®
Што претставува ознаката Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®)
CMC® (Certified Management Consultant) е сертификат за консултанти кои советуваат менаџери и помагаат во раководни процеси. CMC® се стекнува врз основа на меѓународни компетенции и е водечка професионална ознака во областа на менаџмент консалтингот во повеќе од 50 земји во светот. МКА 2000 е акредитирана асоцијација од Меѓународниот совет на менаџмент консалтинг институти ICMCI CMC-Global со што има исклучиво право да доделува CMC® сертификати за менаџмент консултанти во земјата. CMC® е меѓународен бренд за квалитет кој потврдува највисоки стандарди на менаџмент консултантот.
Услови за избор наоценувачи/асесори на кандидати за Сертифицирани Менаџмент Консултанти (CMC®)
- Член во МКА 2000 и подмирено членство
- Поседување активен сертификат Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®) во континуитет од најмалку 3 години сметајќи го рокот за аплицирање
- Апликантите не се дел од управните тела на МКА 2000
- Најнова Работна биографија (CV) на англиски јазик;
- Искуство во поддршка на консултанти / клиенти во подготовка на документи
Процедура за избор на оценувачи/асесори
- Објавување на повикот (15.09.2026)
- Поднесување апликација за оценувач/асесор, до 15.10.2026
- Оценка на поднесената евиденција, до 25.10.2026
- Испраќање известување за апликацијата за оценувач/асесор до 30.10.2026
- Учество на обука за (ментори и) асесори организирана од страна на Одборот за сертификација со CMC®
Апликацијата, со соодветната придружна документација, во Ворд, PDF формат или скенирана, се доставува на mca2000info@gmail.com. Изборот на оценувачи/асесори е со важност од 3 години. За секој ангажман на избран оценувач/асесор ќе биде исплатен надомест во согласност со одлука на Управниот одбор на МКА 2000.
