ЈАВЕН ПОВИК за кандидати кои сакаат да се стекнат со звањето Сертифициран менаџмент консултант CMC®

ЈАВЕН ПОВИК за кандидати кои сакаат да се стекнат со звањето Сертифициран менаџмент консултант CMC®

CMC® – Certified Management Consultant – е меѓународен бренд и знак за квалитет кој вклучува највисоки стандарди во деловното советување (менаџмент консалтинг) и придржување до Етичкиот кодекс во менаџмент консалтингот.

Асоцијацијата за менаџмент консалтинг МКА 2000, како единствена ополномоштена организација во Македонија за спроведување на процесот на сертификацијата за CMC®, ги повикува заинтересираните кандидати да поднесат пријави за сертификација. Со сертификат CMC® можат да се стекнат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  • Имаат завршено најмалку високо образование;
  • Имаат најмалку пет години консултантски стаж, од кои три полни години работа – 80 дена годишно како (менаџмент) консултант;
  • Имаат добиено 3 писмени препораки од најмалку три различни клиенти (не постари од пет години);
  • Имаат платено членарина во Асоцијацијата за менаџмент консалтинг “МКА 2000“*.

Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат горенаведените услови треба да поминат низ следната:

ПРОЦЕДУРА за апликација, менторство и завршна презентација

1. Изразување на интерес за започнување на постапка

Пополнете го формуларот за аплицирање за сертифицирање како менаџмент консултант (CMC®), кој е достапен подолу под текстот со објаснувањето за Повикот и процедурата за пријавување на кандидатура за CMC®];  или Изразете интерес по е-пошта на mca2000info@gmail.com, за добивање на потребните документи за аплицирање.

2. Формулар за аплицирање со придружни документи

Потребно е во електронска форма да ги доставите и следните придружни документи:

  • Копија на диплома за завршено најмалку високо образование;
  • Писмени препораки (не постари од пет години)  од најмалку три клиенти (електронска   верзија со потпис од клиентот и датум или скенирана верзија);
  • Краток опис на 2 реализирани (менаџмент) консултантски активности во последните 3 години;
  • Сертификати од дополнителни обуки/квалификации во последните 3 години;
  • Ажурирана работна биографија (CV) на англиски јазик.

3. Задолжителна обука/насоки

За апликантите за СМС се организира обука/насоки за детално објаснување на чекорите до  сертифицирање, критериумите на проверка на компетенциите  и поддршката на кандидатите од страна на МКА 2000.

4. Менторство

По обуката и целосно комплетирање  на Апликацијата, на кандидатот кој ги исполнува условите ќе му биде доделен овластен ментор со цел да започне со изработка на CMC® студија на случај.

5. Завршна презентација/интервју панел

По одобрување на студијата на случај од менторот, се организира завршна презентација на истата пред комисија предложена од МКА-2000 која носи финална одлука за одобрување на сертификатот за CMC® на кандидатот. Сертификатот се доставува во електронска и пишана форма.

6. Цена и начин на плаќање

Цената за сите активности вклучувајќи ја и задолжителна обука/насоки изнесува 36.000 МКД. Плаќањето е на две рати и тоа: првата рата во износ од 20.000 МКД со поднесување на апликацијата на сметка на асоцијацијата додека втората рата во износ од 16.000 МКД со достава на извештај од менторот за спремност за одбрана на студијата на случај пред комисијата.

7. Рок за поднесување на апликацијата

Аплицирањето за сертификација се врши со достава на пополнета апликација и сите придружни документи по електронска пошта на: mca2000info@gmail.com, заклучно со 15.11.2023 година.

8. Рок за завршување на постапката за здобивање со сертификат CMC®

Кандидатот е должен постапката за здобивање со сертификат CMC® да ја заврши не подоцна од 6 месеци од одобрувањето од страна на МКА 2000 за почетокот на постапката.

Дополнителни информации може да добиете по е-пошта на mca2000info@gmail.com како и на интернет страницата на МКА 2000: www.mca-2000.org.mk.