МКА 2000 објавува ОГРАНИЧЕН ПОВИК за избор на оценувачи/асесори на кандидати за сертификација со ознаката Сертифициран менаџмент консултант – CMC®

МКА 2000 објавува ОГРАНИЧЕН ПОВИК за избор на оценувачи/асесори на кандидати за сертификација со ознаката Сертифициран менаџмент консултант – CMC®

Што претставува ознаката Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®)

CMC® (Certified Management Consultant) е сертификат за консултанти кои советуваат менаџери и помагаат во раководни процеси. CMC® се стекнува врз основа на меѓународни компетенции и е водечка професионална ознака во областа на менаџмент консалтингот во повеќе од 50 земји во светот. МКА 2000 е акредитирана асоцијација од Меѓународниот совет на менаџмент консалтинг институти ICMCI CMC-Global со што има исклучиво право да доделува CMC® сертификати за менаџмент консултанти во земјата. CMC® е меѓународен бренд за квалитет кој потврдува највисоки стандарди на менаџмент консултантот. 

Услови за избор наоценувачи/асесори на кандидати за Сертифицирани Менаџмент Консултанти (CMC®)

  • Член во МКА 2000 и подмирено членство
  • Поседување активен сертификат Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®) во континуитет од најмалку 3 години сметајќи го рокот за аплицирање
  • Апликантите не се дел од управните тела на МКА 2000
  • Најнова Работна биографија (CV) на англиски јазик;
  • Искуство во поддршка на консултанти / клиенти во подготовка на документи

Процедура за избор на оценувачи/асесори

  1. Објавување на повикот (15.09.2026)
  2. Поднесување апликација за оценувач/асесор, до 15.10.2026 
  3. Оценка на поднесената евиденција, до 25.10.2026
  4. Испраќање известување за апликацијата за оценувач/асесор до 30.10.2026
  5. Учество на обука за (ментори и) асесори организирана од страна на Одборот за сертификација со CMC®

Апликацијата, со соодветната придружна документација, во Ворд, PDF формат или скенирана, се доставува на mca2000info@gmail.com. Изборот на оценувачи/асесори е со важност од 3 години. За секој ангажман на избран оценувач/асесор ќе биде исплатен надомест во согласност со одлука на Управниот одбор на МКА 2000.