МКА 2000 одбележува четврт век успешно консултантство: Тркалезна маса по повод 25-годишнината на 30 мај
Со голема чест и задоволство би сакале да ви ја најавиме тркалезната маса на МКА 2000, по повод 25 години постоење и Светскиот ден на консултантите.
Очекувајте квалитетни излагања на нашите менаџмент консултанти и соработници, претставници од јавниот и приватниот сектор.
На тркалезната маса ќе направиме рекапитулар на сите активности на МКА 2000 во периодот од 2000 до 2025 година, но и ќе погледнеме во иднината, да видиме каде се потребните нашите менаџмент консултантски услуги, за реформирање на нашата земја.
Заокружете ги Вашите календари за 30.05.2025 и ве очекуваме да бидете дел од единствениот настан, организиран од единствената асоцијација на менаџмент консултанти, кој ќе ја обележи годината!
Линк до официјалната веб страна за настанот https://mca-2000.mk/
