Иван Динески

Иван Динески

Финансов Консултант - Freelance Во текот на мојата професионална кариера околу 20 години сум директно вклучен во банкарското односно финансиското работење, од кои 13 години како Управител на Штедилница која располагаше со широка мрежа на деловни единици. Последните 7 години работев како Советник на сопствениците на Штедилница (Штедилницата изврши преобразба во Финансиско друштво во 2017 година согласно Законот за банки). Во текот на моето долго годишно професионално искуство имав и советодавна улога кај дел од финансиските институции во Р.С.М. во делот на управување со ризиците со кои се соочуваат во своето работење, организациска поставеност, развој на бизнисот и негово окрупнување преку купопродажба на активи, присоединување / спојување, како и поврзување на бизнисите со други финансиски институции. Поле на експертиза:

  • Финансиски менаџмент (финансиски скрининг, анализа, планирање и прогнози)
  • Управување со ризици (финансиски, оперативни, деловни и ризици на случувања)
  • Развој на бизнис (стратешко планирање, развој на деловни планови, истражување на пазар)
  • Окрупнување на банкарски бизнис (купопродажба на банкарски и останати финансиски институции, купопродажба на кредитни портфолија, статусни промени - спојување, присоединување и преобразба)
  • Организациска поставеност, реорганизација, структуирање на компании и мерчендајзинг
  • Управување со проекти