Данчо Димков

Данчо Димков

Член на Управен Одбор

Воден и инспириран од растот, на работите практикувам да гледам надвор од зацртаната линија. Границите на личното и професионалното развивање ги поставуваме ние самите. Токму затоа, секогаш се стремам да го надоградам своето образование и квалификации. Првата диплома ја добив од “Универзитет Св.Кирил и Методиј, Економски факултет – Скопје”. Своето професионално доусовршување го продолжив на “Институтот за економија и менаџмент”, Р.С.Македонија и се стекнав со титулата M.Sc. Додека на Универзитетот Шефилд ги започнав и завршив MBA студиите.

Во 2019 година, го збогатив своето портфолио со Level 7 Diploma, во областа на Strategic Management and Leadership од Chartered Management Institute. Од 2020, сум Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC). Од неодамна, бев именуван како соработник на Програмата за професионални соработници, од страна на U.S. Department of State.

Како сениор деловен консултант и сериски претприемач, мојата задача не е само да обезбедам раст на клиентите и бизнисите со кои соработувам. Мојата примарна цел е тие да го постигнат највисокиот степен на успех и благосостојба, во своите професионални достигнувања. Моја најголема пасија е да им овозможам на малите бизниси да го пронајдат патот кон успехот, со помош на моето обемно работно искуство и експертиза. Поседувам широко и богато познавање во областите на претприемништво, деловен и професионален развој, истражување на пазарот, деловни планови, извори на производи, lead generation, outreach, управување со проекти и производи, планирање на проекти, креирање на бизнис стратегии, маркетинг и комуникации.

More Info