Александар Целески

Александар Целески

член на Надзорен Одбор

Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®) со докажано и долго работно и професионално искуство во водечки интернационални менаџмент консултантски компании. Имам повеќе од 15 години професионално искуство работејќи на анализи, студии, стратегии, тренинзи, менторства и консултантски услуги во бизнис секторот. Дополнително на сертификатот за Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC®) исто така сум овластен од БАС програмата од Европската банка за реконструкција и развој во Македонија како експерт консултант, овластен тренер за управување со приходи од SHL, овластен сметководител, овластен стечаен управник и кандидат (2020/2021) за овластен проценител и овластен инвестициски консултант. Работам како менаџмент консултант, тренер и ментор за голем број на мали и средни компании од Балканот како и за интернационални и јавни македонски владини институции и невладини организации. Како надворешен соработник соработувам со институции како EBRD, USAID, UNDP, SwissContact како и други невладини организации во Македонија и Европа. Имам широко и огромно искуство како експерт во стратешки менаџмент, стратешки маркетинг и комуникации, односи со јавноста, маркетинг и продажба, корпоративно финансирање, реконструкција и реорганизација, буџетирање, усогласеност, мeнаџерско сметководство и известување, развивање на бизнис, итн.

More Info