Валерија Соколова Стојановска
Секретар на МКА2000
Специјалност: Искусен менаџмент консултант со повеќе од 13 години професионално искуство и широк спектар на вештини и искуства, што вклучуваат стратешко планирање, одржување и градење на капацитети и организациски раст, развој на проекти, менторство, мониторинг и евалуација на различни проекти и програми. Искуството во обезбедување на финансирање од различни извори и посветеност на градење на капацитети и организациски раст ја прават високо остварен менаџмент консултант со посебен фокус на обука и коучинг за планирање, пишување на проекти, како и управување со проектен циклус.
Вештини: Стратешко/бизнис планирање, организациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на фондови, обуки и коучинг, менторство, мониторинг и евалуација.
Сектори: Граѓански сектор; Јавен сектор; Бизнис сектор; Образование;
Обуки/сертификации/членство во последните 5 години:
- Сертификат за модератор на форуми, Скопје 2022 - Модерирање на форумски сесии - Издаден од ЗЕЛС/УНДП
- Сертификат за положен испит за јавни набавки - 2023г., издаден од Биро за јавни набавки на С. Македонија.
- Сертифициран менаџмент консултант CMC – издаден од Меѓународен совет на менаџмент консалтинг институти (ICMCI)
