Зоран Стојковски

Зоран Стојковски

член на Управен Одбор

Зоран Стојковски има скоро 25 годишно искуство на работа во домашни и меѓународни организации и развојни програми, во областите на развојот на социјалното претприемништво, развој на општествената одговорност, добротворството и граѓанското општество. Toj извршуваше менаџерски и извршни позиции во периодот 1998-2014, при шти менаџираше проекти со вкупен годишен буџет меѓу 1.2 и 1.8 милиони евра, и со тим од 15-20 членови. Повеќе од 20 години реализира обуки и консултантски задачи како и фацилитирање на организациски процеси, истражувања, оценки на програми, и проценки на организациски капацитет за потребите на над 300 организации, институции и компании во Македонија и Западниот Балкан. Од почетокот на 2015, Зоран е извршен раководител на Проефект Иново, консалтинг организација во областа на организацискиот развој со цел организациска и финанска одржливост организации, институции, и претпријатија, преку планирање и пишување и поддршка во спроеведувањето на проекти за грантови. Од 2008 поседува магистерски сертификат од областа на развојните студии на Лондон Метрополитен Универзитетот од Лондон. Во моментот ги привршува Магистерските студии за Менаџмент со човечки ресурси на Институтот за Социолошки и политичко правни истражувања во Скопје.

More Info