Славко Саздовски
Специјалност: Маркетинг; Стратешко/бизнис планирање; Организациски менаџмент; Обуки, коучинг;
Вештини: 20+ години искуство на позиции кои бараат коориднација, организација, планирање и вештини за оценка, како и развој и испорака на обуки во рамки на меѓународни проекти и проекти во областа на приватниот и јавниот сектор. Досегашно искуство во развој на човековите ресурси подразбира и развој и испорака на 1500+ денови обука кои подразбираат дизајн и испорака на обуки за развој на вештините на персоналот и менаџментот (техники на продажба, управување на односите со клиенти, водство, развој на менаџерски вештини, менаџмент на тим, преговарање, комуникациски и презентациски вештини, раководење со човечки ресурси, емоционална интелегенција и други)
Сектори: Фармација; Енергија; Храна и пијалоци; Граѓански сектор; Јавен сектор; Образование; Банкарски сектор; Осигурување;
Обуки/сертификации/членство во последните 5 години:
ОБРАЗОВАНИЕ:
- Магистер на економски науки: Постдипломски студии по економски науки на програмата за Меѓународен Менаџмент при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Економски институт – Скопје 2014 година
СЕРТИФИКАТИ:
- Сертификати за обучувачка компетентност: Jonkoping University for social science – Шведска 2005 година
- Сертификат за обучувачка компетентност за Емоционална Интелегенција - GENOS 2022 година
- Сертификат од COUCHING ACADEMY - GALLUP&THRIVERSE methodology 2024 година
ЧЛЕНСТВА ВО УПРАВНИ ТЕЛА:
- Член на Управен одбор – Македонска асоцијација за човечки ресурси – МАЧР
- Повремен член на одборот на доверители – Центар за едукација и обука М6