Sanja Arizanov
Работам во консалтинг сектор зошто го сакам тоа и зошто ме исполнува интелектуална интеракција со клиенти и соработници. Крајниот резултат е внимателно и селективно избирање на проекти на коишто работам, како и бескомпромисна професионалност и квалитет кон секој клиент. Динамична, иновативна, оријентирана кон резултати, со 15+ години сеопфатно деловно искуство, вклучувајќи експертиза за финансии и ревизија, дизајнирање на наставни програми за возрасни, испорака на обуки и менторски сесии. Препознатлива по создавање на мотивирачка средина за учење преку ангажирање на учесници, посебни сесии и активности. Со себе носи единствена посветеност за постигнување на индивидуални и организациски цели и задачи.
More Info