Лилјана Алчева
д-р Лилјана Алчева раководи со програмите на Хабитат Македонија од 2009 година и значајно придонесува за развојот на програмското портфолио и обезбедувањето финансии од институционални донатори. Во 2008 година ја формираше Прима менаџмент консалтинг, преку која испорачува консултантски услуги и обука, наменети за сите чинители во општествениот развој во земјава и регионот. Нејзина експертиза се: методологијата Управување со проектен циклус, организациски менаџмент, социјална инклузија, локален и регионален развој. Посетувала бројни обуки, студиски посети и други форми на стручно усовршување, а учествувала и на повеќе конференции, работни групи и форуми. Aавтор е на повеќе стручни текстови за менаџмент и социо-економски развој. Лилјана дипломирала на Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, магистрирала Менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко правни науки во Скопје, каде и докторираше во областа на социјалните науки. Претходно, Лилјана работела на раководни позиции во Македонскиот центар за меѓународна соработка и канцеларијата на УНДП во Скопје.