Билјана Пешева
Специјалност: Маркетинг; Стратешко/бизнис планирање; Организациски менаџмент; Финансиски менаџмент; Мобилизација на фондови; Обуки, коучинг; Health & Wellness business consulting;
Вештини: Бизнис и личен консултант со повеќе од 20 години професионално искуство и широк спектар на вештини и искуства, кој нуди единствена комбинација на методи и техники за зајакнување на потенцијалот и ангажирање на луѓето за подобрување на перформансите, во организациски и личен контекст. Таа има искуство во менторство, мониторинг и евалуација на различни проекти и програми, стратешко планирање, одржување и градење на капацитети и маркетинг. Од неформално образование има долгодишна психолошка едукација од област Трансакциска Анализа, што претставува правец во психотерапија која ја проучува комуникацијата меѓу луѓето. Таа е автентичен говорник со посебен идентитет, поседува уникатна способност за едуцирање, инспирирање и поттикнување на промени во деловен и приватен контекст. Автор и креатор на програмите: “Свесно здравје”, “Создади нова слика за себе”, ”Движи се со леснотија”, “Научи како да ја зголемиш својата самодоверба”, “Ослободување од потиснати емоции”, “Mентално и емотивно исцелување”,“Научи како да постигнеш своја цел” и редовно води предизвици за ментално и емотивно созревање и трансформирање на социјалните мрежи. Последните десет години работи со организации и индивидуални коучинг сесии на зголемување на свесноста за ментално, емотивно и физичко здравје, користејќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите Основач е на Healthy Life Skills & Healthy Yoga а во нејзиното долгогодишно искуство влегува и организација на осумнаесет јога активни одмори и безброј семинари за развој на меки вештини за работни организации
Сектори: Информатичка технологија Здравство; Медиуми/комуникации/маркетинг; Туризам; Јавен Секотр; Health & Wellness business consulting;
Обуки/сертификации/членство во последните 5 години: Едукација во системски консталации во Скопје, 2023 и 2024 година- ongoing Едукација Метафорични игри во комуникација, Институт Алтернатива 2023 година Едукација Ландмарк Форум - Основен семинар за комуникација, онлајн 2022 година Едукација Биосинтеза и терапија ориентирана на тело , онлајн, 2020 година Едукација/Членство МАТА Македонска асоцијација за трансакциска анализа - TA workshop with EATA (European) Executive committee outreach program, Skopje, 2019 Сертификација EFT/FTF Practitioner certification програм, online 2019 Сертификација Holistic Health & Wellness coaching program , online. Womanly Health Academy 2018