Kонсултантски круг со членството на МКА2000 – 19.04.2022 19:00
На 19ти Април 2022 од 19:00-20:30 часот се одржа вториот (менаџмент) консултантски круг, секој учесник (член на МКА2000 или гостин) имаше 1 мин за да се престави со услугите кои ги нуди. Ова е одлична можност да се запознаеме подобро меѓу нас, сегашните но и потенцијалните членови на МКА2000. По кругот на преставување, имавме и 5-10 минутна презентација за она што го нуди МКА2000, како и она што сакаме да правиме во иднина како асоцијација.
За време на првата сесија се престави и една од компетенциите кои се потребни за сертифкација на менаџмент консултанти. (10 мин).
На крајот имаме 5-10 минути за дискусија вклучувајќи и информации за листи/линкови на грант можности, или за обуки).