Соопштение

Соопштение

Почитувани колеги,
MCA 2000 изработува Каталог на менаџмент консултанти. Во овој Каталог на менаџмент консултанти ќе бидат содржани информациите, профилите, како и резимеата на сите оние кои ќе бидат заинтересирани за пријавување во истиот. Овој Каталог на менаџмент консултанти ќе се користи како интерна дата база во MCA 2000 и ќе се споделува на сите заинтересирани страни кои ќе имаат потреба од менаџмент консултант и консултанстски услуги. Воедно, оваа иницијатива за формирање на Каталог на менаџмент консултанти е прифатена и од Владата на РМ, Генералниот Секретаријат, како и Министрите без ресор (за инвестиции и странски инвестиции) и истите наидоа на разбирање и изразија волја експертите од Каталогот да бидат понудени за потребите на Владата на РМ, Министерствата, Агенциите, меѓународните институции кои спроведуваат проекти во РМ, како и кон потенцијалните странски инвеститори кои би имале потреба од консултантски услуги при реализирање на инвестициите во земјава.
Намена на Каталогот на менаџмент консултанти е да биде основна дата база на експерти и да ги промовира членовите на MCA 2000 пред овие институции, а посебно да го промовира брендот CMC за кое издавање е акредирирана MCA 2000.
Каталогот на менаџмент консултанти ќе биде во електронска верзија и ќе биде објавен на интернет страната на MCA 2000 и на барање на наведените институции ќе биде доставуван до заинтересираните страни.
Од наведените причини е важно Каталогот на менаџмент консултанти да биде уредно поставен и лесен за пребарување за да заинтересираните можат брзо и лесно да најдат соодветни менаџмент консултанти.
За да бидете наведни во Каталогот на менаџмент консултанти потребно е да се сте член во MCA 2000 со уредно платена годишна членарина. Истотака потребно е да испратите своја биографија на англиски јазик и да доставите кратко резиме, не подолго од 100 зборови за својата експертиза и искуство. Покрај резимето наведете неколку клучни зборови од вашата експертиза (максимум 5).
Првиот рок за доставување на ваши биографии на англиски јазик, резимеа и 5 клучни зборови е 09.03.2018. За сите менаџмент консултанти кои ќе најдат интерес да се зачленат во MCA 2000 и да се пријават за Каталогот на менаџмент консултанти ќе определиме и дополнителен рок за ажурирање на Каталогот. Сето ова понатаму ќе продолжи со континуирано зголемување на Каталогот и континуирано ажурирање на Каталогот.
Ве молиме вашите биографии на англиски јазик, резимеа и 5 клучни зборови да ги испратите на:
vlatko@basme.com.mk
zdenkanikolovska@gmail.com
aceleski@gmail.com
ninababuskovska@yahoo.com