Соопштение | CMC® MARK OF EXCELLENCE

Соопштение | CMC® MARK OF EXCELLENCE

ЕКСКЛУЗИВНО ВО МАКЕДОНИЈА!
CMC® MARK OF EXCELLENCE

Асоцијацијата за менаџмент консалтинг “МКА-2000” објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за кандидати кои сакаат да се стекнат со звањето
Сертифициран менаџмент консултант CMC®

CMC® – Certified Management Consultant – е меѓународен бренд и знак за квалитет кој вклучува највисоки стандарди во деловното советување и придржување до Етичкиот кодекс на менаџмент професијата. Асоцијацијата за менаџмент консалтинг “МКА-2000”, како единствена ополномештена организација во Република Македонија за спроведување на процесот на сертификацијата за CMC®, ги повикува заинтересираните кандидати да поднесат пријави за сертификација. Со сертификат CMC® можат да се стекнат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:
• Имаат завршено најмалку високо образование
• Имаат најмалку 5 години консултанстки стаж, од кои три полни години работа (платени 80 дена годишно) како менаџмент консултант
• Имаат добиено 3 писмени препораки од најмалку три различни клиенти (не постари од пет години)
• Течно го говорат англискиот јазик
• Редовно членуваат во „МКА-2000“

 

за повеќе информации преземете го следниот документ