Работилница – Презентација на проектот INNOVENTER (Охрид)
Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА 2000 во рамките на проектот ве „Иновентер – Иновативна обука за стручно образование во сферата на социјалното претприемништво (INNOVENTER BMP1/1.3/2738/2017 дел од Interred BalkanMed) организираше две работилници во Охрид за презентација и промоција на проектот. Работилниците се одржаа во Хотел Престол на 12 и 13 јули.
На работлницата присуствуваа претставници од државните институции, експерти, наставници од средни стручни училишта, универзитетски професори, НВО и социјални претпријатија од регионот.
Тема на работилницата на – инофрмативна и промотивна работилница
– промоција на пректот INNOVENTER
– презентација на проектот и работните пакети 3 и 4
– ЕКВЕТ/ЕРК/МРК – анализа и оценка
– усогласеноста со МРК и македонската правна рамка за социјално претприемништво
– дискусија
Целта на работилницата е презентација и запознавање со проектот како и презентација на курикулумот, прирачникот за наставници и наставниот материјал и да се добијат мислења од експерти во врска со материјалот и неговата примена во средните стручни училишта и центри за обук и негова усогласеност со Македонската рамка на квалификации (МРК) како и можноста за акредитирање на обуката во Република Македонија . Од средината на август ќе продолжиме со целосни повеќе настани меѓу кои ќе има и дводневни обуки за социјално претприемништво и пилотирање на прокетот во Скопје, Битола и Охрид.
Експертите кои се вклучени во проектот и ќе ги држат презентации и предавањата се Проф. д-р Васил Поповски и Бети Деловска долгогодишен консултант и обучувач.