MКA 2000 Скопје постојано работеше на унапредување на професијата менаџмент консалтинг и има постигнати забележителни резултати. MКА 2000 Скопје работи на зголемувањето на сопствените капацитети заради остварување на поголемо влијание во остварувањето на својата мисија за подобрување на условите за работа на консултантите. Колку сме посилни толку повеќе ќе можеме да се избориме за нашите интереси.
Станете дел од MКA 2000 Скопје и дајте свој придонес кон професијата.
MКA 2000 Скопје ќе обезбеди за своите членови низа поволности, од обезбедување на информации за тендери, разни релевантни настани, сертификација и ресертификација, дружба со фелата, обуки, застапување и друго. Новата интернет страна нуди можност за презентирање на секој член поединечно со негов профил и биографија во базата на консултанти која ќе може да се пребарува по повеќе критериуми.
МКА 2000 Скопје е Асоцијација која се залага за промоција и унапредување на професијата менаџмент консалтинг која на сите менаџери, без разлика од било која дејност или ниво, им обезбедува професионални услуги и им помага и овозможува на менаџерите на компаниите, институциите, организациите, граѓанскиот сектор да ги извршуваат своите менаџерски функции на ефективен и ефикасен начин, што директно влијае и на успешноста на фирмите и институциите. Оваа професија во светот има долга традиција за развој на алатки, техники и методологии за успешно извршување на менаџерски функции. Професијата кај нас доживува своја експанзија, станува ценета и барана од се поголем број на клиенти а поради тоа што директно овозможува подобрување на конкурентност на компаниите, добро управување со административните и граѓанските институции и организации и развој на општеството во целина.
Професијата е регулирана преку издавање на светски признаен сертификат од меѓународната организација ICMCI (International Council of Management Consulting Institutes) која ја регулира професијата и која акредитира национални организации за издавање на меѓународно признаени сертификати CMC (Certified Management Consultant).
МКА 2000 Скопје е единствена асоцијација акредитирана за издавање и обновување на CMC сертификатот во Република Македонија од 2011 година.
Доколку сакате да бидете дел од елитата во менаџмент консалтинг професијата и да ги користите сите поволности кои ви ги обезбедува членството, потребно е да се зачлените во МКА 2000 Скопје.
Услуги и бенефиции на членовите
Во продолжение е даден преглед на конкретни услуги и бенефиции кои можете да ги ползувате преку членството во МКА 2000 Скопје:
Инфрмации и вмрежување
- Редовно неделно известување за можности за аплицирање на проекти и огласи за консултантски ангажмани на вашата електронска адреса преку редовно пребарување на голем број на интернет страни и идентификација на можности за ангажман на членовите,
- Место каде можете да најдете партнер за спроведување на проект, каде можете да објавите краток оглас за барање на одреден профил на експерт, консултант или да прочитате објавен оглас објавен од барател на експерт, консултант и да се јавите на него,
- Можност да бидете ангажирани како експерт во проекти кои ги спроведува МКА 2000 Скопје,
- Можност да присуствувате на редовни средби за дружба на професионални менаџмент консултанти од земјата и странство,
- Можност за вклучување во активности за подобра конкурентност на професијата и спречување на нелојална конкуренција,
- Можност за членување во ММЕ – Македонска Мрежа на Евалуатори која е во состав на МКА 2000 Скопје.
Градење на капцитети
- Можност за обука за алатки техники и методологии за успешно извршување на професијата менаџмент консултант
- Можност да се здобиете со меѓународно признаен сертификат СМС и негово редовно продолжување од страна на МКА 2000 Скопје која е овластена од ICMCI icmci.org/
- Можност за обука за стандард CEN-16114 за квалитет во менаџмент консалтинг
- Можност да вршите обука или бидете обучувани по повластени цени
Лична промоција
- Ваша лична промоција на интернет страната на МКА 2000 Скопје во вид на кратко резиме и целосна биографија на членот, со можност за пребарување по клучни компетенции,
- Можност за објавување на ваши огласи за ваши активности, користејќи ја обемната база на контакти на МКА 2000 Скопје
- Место за реклама на вашата компанија по повластени услови (банер на интернет страната)
Учество во организацијата и делегирање во други организации
- Можност да иницирате решавање на проблеми во регулативата или непринципиелно спроведување на постапки на разни институции или организации,
- Можност да бидете избрани во телата на управување на МКА 2000 Скопје,
- Можност да членувате во разни работни групи или тела каде МКА 2000 Скопје е поканета да делегира свои претставници,
- Можност активно да учествувате во градењето на стратегијата и плановите на МКА 2000 Скопје.
Доколку досега не сте биле член потребно е да пополните пристапница во прилог, каде ќе најдете и подетални информации за поволностите од членувањето во MКА 2000 Скопје.