Панел дискусија: Важноста на евалуацијата за развојот на општеството
Онлајн панел дискусијата на тема „ВАЖНОСТА НА ЕВАЛУЦИЈАТА за развојот на општеството“ е во организација на МКА 2000 и на Македонската Мрежа за Евалуација (МЕН) која функционира како дел на МКА2000.
Учеството е отворено за секој заинтересиран, особено оние кои имаат практики на давање на консултантски услуги, технички вештини кои ги пренесуваат на своите клиенти, менторска поддршка, кои прават евалуација, развиваат предлог проекти, правење оценки на потреби за обука, обучуваат други лица.
Панелисти ќе бидат сегашни и поранешни членови на МКА 2000, кои се дел на Македонската мрежа на евалуатори (ММЕ/MEN) кои ќе имаат излагања на следниве теми:
– Влатко Данилов, на тема „Зошто евалуација и за ММЕ/MEN“
– Љубомир Трајковски, на тема „Проценка на влијанието на регулативата, во теорија и пракса“
– Венера Гудачи, на тема „Voluntary National Review (VNR) и евалуација на Sustainable Development Goals (SDGs)“
– Лилјана Алчева, на тема „Евалуација на развојни програми“
– Заге Филипоски, на тема “Важноста на внатрешната евалуција“
– Зоран Стојковски, на тема “Евалуација на општественото влијание преку методата на социјално враќање на инвестицијата (SROI)”
Модератор на панел дискуијата ќе бидe Лилјана Алчева. Ова е трет настан, од неколкуте кои се планираат во рамките на месецот на консултантството кој започна на 7 јуни и трае до 28 јуни 2021. (на 3 јуни беше меѓународниот ден на консултантството (секоја година во првиот четврток во јуни).