Панел дискусија: Придобивките од членството во МКА 2000

Панел дискусија: Придобивките од членството во МКА 2000

На 7 јуни 2021 од 19-21 часот се организира онлајн дискусија на тема „Придобивките од членството во Асоцијацијата на македонски консултанти МКА 2000“ во организација на МКА 2000.
За време на дискусијата имаше куси воведни излагања на 5 наши сегашни и поранешни членови на МКА 2000, на тема дефинирање на причините поради кои решиле да станат членови на оваа единствена асоцијација на менаџмент консултанти кај нас, што добиле од членството досега и како МКА 2000 им помогнала во развојот на нивните кариери.
Учеството е отворено за секој заинтересиран, особено оние кои имаат практики на давање на консултантски услуги, технички вештини кои ги пренесуваат на своите клиенти, менторска поддршка, кои прават евалуација, развиваат предлог проекти, правење оценки на потреби за обука, обучуваат други лица, итн.
Панелисти беа сегашни и поранешни членови на МКА 2000:
– Лиле Алчева,
– Васко Teмелкоски,
– Венера Гудачи,
– Едвин Муше, и
– Влатко Данилов.
Дискусијата ја модерираше Зоран Стојковски, член на Управниот одбор, одговорен за ново членството.
Ова е прв настан, од неколкуте кои се планираат во рамките на месецот на консултантството кој започнува на 3 јуни ( на меѓународниот ден на консултантството) и трае до 28 јуни 2021.
Изразување намера за зачленување во МКА 2000 и поднесување пристапница имате на следниот линк: https://tinyurl.com/mka2000-zaclenuvanje