Интервју со менаџмент консултант: Вмрежувањето на консултантите како клуч за раст на консултантството

Интервју со менаџмент консултант: Вмрежувањето на консултантите како клуч за раст на консултантството

На 10 јуни 2021 од 13:00-13:45 часот се организираше онлајн интервју со менаџмент консултант на тема “Вмрежувањето на консултантите како клуч за раст на консултантството“ со Зоран Стојковски, член на Управниот одбор на МКА 2000. Интервјуто го водеше претстедателот на МКА 2000, Данчо Димков.
Учеството беше отворено за секој заинтересиран, особено оние кои имаат практики на давање на консултантски услуги, технички вештини кои ги пренесуваат на своите клиенти, менторска поддршка, кои прават евалуација, развиваат предлог проекти, правење оценки на потреби за обука, обучуваат други лица, итн. Присутните добија информации за придобивките од членството во МК и секако да ги проследат поентите поврзани со потребата за вмрежување на консултантската фела во Македонија.
Ова е втор настан, од осумте кои се планираат во рамките на месецот на консултантството кој започна на 7 јуни (во има не меѓународниот ден на консултантството (кој се паѓа првиот четврток од јуни , оваа година на 3 јуни) и трае до 28 јуни 2021.