Известување до медиумите
Скопје, 24 јуни 2021
Во четвртокот, 24 јуни во Јавна соба, Скопје со почеток од 17:00 се одржа свечено доделување на плакети на досегашните 4 претседатели на Асоцијација на менаџмент консултанти – МКА-2000 кои ја извшуваа својата функција од основањето на МКА2000 на 18 мај 2000 до денес. Плакетите им беа доделени за особен придонес кон промоција на менаџмент консалтингот и раководење со МКА 2000 во различни периоди и тоа:
- Љубомир Трајковски (2000-2009г.)
- Живко Димов (2009-2011г.)
- Ристо Иванов (2011-2015 г.)
- Влатко Данилов (2015-2021г.)
Оваа активност се организира во рамките на месецот на консултантството (7-28 јуни 2021) на Асоцијација на менаџмент консултанти – МКА-2000, во склоп на кој се организира низа активности и панел дискусии за промоција на професијата менаџмент консалтинг, и за третирање на важни теми на менаџмент консултантите (пр. за зголемување на квалитетот на работа на консултантите, важноста на оценување на програмите на јавните институции, потреба од одредувањето на социјалното влијание на проектите, итн.)
Асоцијацијата на менаџмент консултанти – МКА-2000 оваа година одбележува 10 година од добивањето на полноправното члeнството во ICMCI (Меѓународен совет на институти на менаџмент консултанти), кое се случи на 11/06/2011.
ИЗЈАВИ на дел од досегашните претседатели
„За оваа професија на менаџмент консултанти, да биде тоа што заслужува да биде, мора да овозможи да се почитуваат критериумите кои овозможуваат квалитет… за менаџмент консултантството да биде давање услуги и продажба со доверба“
Љубомир Трајковски, прв претстедател на МКА2000
„На сите ни е од значење што правиме 1 декада полно членство во ICMCI, и што како асоцијација можеме да приредуваме и издаваме CMC сертификати, на сертификцирани менаџмент консултанти од Македонија и во регионот“
Ристо Иванов, поранешен претседател на МКА2000
ИЗЈАВA од сегашниот претседател на МКА2000:
„Како нов претседател на МКА-2000, горд сум што наследувам организација со огромно дво-дециниско искуство. Ми беше чест да се запознаам со претходните претседатели, да им доделиме признание и да размениме искуства и историја на организацијата. Моја главна задача ќе биде да продолжиме како организација во промоцијата на професијата – менаџмент консултант. Во следниов прериод, предвидени се воведување на подобрени услуги, кои МКА-2000 ќе може да им ги понуди на своите членови – менаџмент консултанти.“
Данчо димков, Претстедател на МКА2000
Асоцијација на менаџмент консултанти се залага за промоција и унапредување на професијата менаџмент консалтинг во делот на обезбедување професионални услуги на менаџментот на правни субјекти од сите сектори во општеството.