Друго

МКА 2000 е добитник на 2 гранта на повикот на IOCE (Меѓународна организација за соработка во евалуација) за проекти во областа на евалуација на проекти и професионални стандарди за евалуатори.

Првиот проект: RI-MEN,Регионална интеграција на македонската мрежа на евалуатори ќе се спорведе во партнерство со Мрежата на евалуатори од Западен Балкан, со седиште во Љубљана ( WBEN) . Фокуст на проектот е јакнење на капацитетот на МКА 2000 за евалуација на политики и опфаќа три главни компоненти: 1) Идентификување на потребите на институциите и професионалните евлуатори; 2) институционално јакнење на македонската мрежа на евалуатори ( групација во рамки на МКА-2000) и 3) Регионално интегрирање во мрежата на евалуатори на Запден Балкан ( преку средби и заеднички проекти)
Тимот на проектот: Влатко Данаилов- тим лидер; Зденка Николовкса и Васко Карнагелески , членови на тимот.
Време на реализација: Октомври 2014 – Март 2015 година

Конференцијата има за цел да ја промовира професијата помеѓу професионалците од дејноста и корисниците на услугите и да отвори дискусија околу важни прашања порзани со учеството на домашните консултанти во проектите и работењето на корисниците на услугите на консултантите.
На конференцијата покрај консултантите ќе земат учество претставници од Владата на Република Македонија, од меѓународните институции, компаниите и коморите. Повеќе за дневниот ред овде.
Најавите го вашето учество на Конференцијата најдоцна до 5ти јули до 12 часот на адресата mca2000info@gmail.com