Асоцијација за МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ МКА 2000

МКА 2000 e добродојден и препознатлив градител на менаџмент консалтинг професијата, промотер на извонредност во менаџмент консултантството и поддржувач на менаџмент консултантите во Република Македонија според највисоките светски стандарди.

Асоцијација за МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ МКА 2000 –  Скопје  е независна, самостојна, доброволна и непрофитна организација, во која доброволно се здружени полнолетни граѓани, државјани на Република Македонија.

ВИЗИЈА: МКА 2000 e добродојден и препознатлив градител на менаџмент консалтинг професијата, промотер на извонредност во менаџмент консултантството и поддржувач на менаџмент консултантите во Република Македонија според највисоките светски стандарди.

МИСИЈА: MKA 2000 придонесува кон националната конкурентност преку подобрување на вештините и професионализмот на своите членови и зајакнување на способностите на клиентите, ги претставува интересите на своите членки и на професијата во целост, настапува во името на професијата пред Владата, законодавните институции и пошироката заедница, работи на подобрување на стручните и менаџмент способностите на своите членки, работи на создавање на предуслови за поефикасно работење на своите членки како тие би биле поуспешни

Асоцијацијата во своето работење остварува определени цели и задачи од областа на општото деловно советување, а во тие рамки и на специјалноста – менаџмент консалтинг, како и на други сродни активности од интерес на членовите на Асоцијацијата.

Асоцијацијата своите цели и задачи ги остварува врз основа на стручност, непристрасност, независност, доброволност и солидарност, како фундаментални принципи во делувањето.

Асоцијацијата има својство на правно лице, со права, обврски и одговорности согласно Уставот на Република Македонија и Законите. Работата во организацијата е јавна.

Јавноста се обезбедува преку известување во средствата за јавно информирање за сите поважни одлуки, ставови и заклучоци донесени од страна на органите на организацијата.

АСОЦИЈАЦИЈАТА МКА – 2000 ги има следните цели и задачи:

Организира соработка на менаџмент консултанти, a со цел за учество и заеднички настап во одделни проекти.

Организира Сертификациски испити за стекнување на меѓународно призната титула:  CMC (Сертифициран Менаџмент Консултант), врз основа на процедури на меѓународната организација ИЦМЦИ – ICMCI (International Council of Мanagement Consulting Institutes).

Соработка со други слични домашни и странски асоцијации или организации. МКА-2000 е придружен член на ИЦМЦИ (ICMCI) од 2003 год.

Учество во организирањето на различни облици на организирање и активности на консултанти-членови на Асоцијацијата.

Соработка со државни органи и институции, органи на локалната самоуправа, стручни и научни установи и организации во Република Македонија заради помагање на Р. Македонија во интегративните Евро-атлански интегративни процеси.

Соработка со деловни субјекти (трговски друштва) од земјата и од странство во градење на конкурентност (конкурентна предност) на Македонското стопанство.

Реализира и други активности со цел за унапредување и усовршување на струката менаџмент консултант.

Други неспомнати активности согласно на законите на Р. Македонија.

Седиштето на Асоцијацијата е на адреса:

ул. Никола Вапцаров бр.2, 5-ти спрат, 1000 Скопје.