Љубомир Димовски

Љубомир Димовски

член на Управен Одбор

Љубомир Димовски, како Извршен Директор на иновативен, ентузијастички и напреден тим, успешно го гради конкурентното портфолио на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал (www.epicentar.mk ). Тој има докажано искуство како еминентен лидер (поранешен претставник на CARE International и WOCCU во Македонија). Неговото искуство во делот на локалниот економски развој, проекти за регионален развој, проектен менаџмент, како и надградба на човечки ресурси, помагаат во развојот на ЕПИ ЦЕНТАР во една од водечките консултантски компании во Македонија. Тој директно е вклучен во бројни донаторски активности во последниве 20 години. Имплементацијата на истражувачки проекти и програми придонесува до креирање на сеопфатна мрежа на контакти како во јавниот така и во приватниот сектор во Македонија и регионот. Преку ЕПИ ЦЕНТАР, тој е активен во имплементацијата на првиот проект за регионален економски развој во регионот имплементиран од неколку регионални организации. Преку ЕПИ ЦЕНТАР, има координирано бројни истаржувачки студии за Светска Банка финансирано од IFC, USAID, SNV, DANIDA и други меѓународни организации. Директно координира и имплементира бројни програми за градење на капацитети за разни јавни и приватни институции вклучувајќи и организација и имплементација на бројни тренинзи, развој, подготовка и дизајн на посебни модели на обуки, организација и директна имплементација на програми за обука за јавни приватни засегнати страни. Во времето како претставник на CARE International и WOCCU, директно организирал програмирање, финансирање и имплементација на бројни програми и проекти и управувал милионски износи на проектни протфолиа.

More Info