Услуги

УСЛУГИ И БЕНЕФИЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ

  1. ИНФОРМАЦИИ И ВМРЕЖУВАЊЕ
  • Редовно неделно известување за можности за аплицирање на проекти и огласи за консултантски ангажмани на вашата електронска адреса преку редовно пребарување на голем број на интернет страни и идентификација на можности за ангажман на членовите,
  • Место каде можете да најдете партнер за спроведување на проект, каде можете да објавите краток оглас за барање на одреден профил на експерт, консултнат или да прочитате објавен оглас објавен од барател на експерт, консултант и да се јавите на него,
  • Можност да бидете ангажирани како експерт во проекти кои ги спроведува МКА-2000,
  • Можност да присуствувате на редовни средби за дружба на професионални менаџмент консултанти од земјата и странство,
  • Можност за вклучување во активности за подобра конкурентност на професијата и спречување на нелојална конкуренција,
  • Можност за членување во ММЕ - Македонска Мрежа на Евалуатори која е во состав на МКА-2000.
  1. ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ВО ПРОФЕСИЈАТА
  • Можност за обука за алатки техники и методологии за успешно извршување на професијата менаџмент консултант,
  • Можност да се здобиете со меѓународно признаен сертификат СМС и негово редовно продолжување од страна на МКА-2000 која е овластена од  ICMCI
  • Можност за обука за стандард CEN-16114 за квалитет во менаџмент консалтинг,
  • Можност да вршите обука или бидете обучувани по повластени цени,
  1. ЛИЧНА ПРОМОЦИЈА
  • Ваша лична промоција на интернет страната на МКА-2000 во вид на кратко резиме и целосна биографија на членот, со можност за пребарување по клучни компетенции,
  • Можност за објавување на ваши огласи за ваши активности, користејќи ја обемната база на контакти на МКА-2000,
  • Место за реклама на вашата компанија по повластени услови (банер на интернет страната),
  1. УЧЕСТВО ВО ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА МКА-2000 И ДЕЛЕГИРАЊЕ ВО ТЕЛА НА ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ
  • Можност да иницирате решавање на проблеми во регулативата или непринципиелно спроведување на постапки на разни институции или организации,
  • Можност да бидете избрани во телата на управување на МКА-2000,
  • Можност да членувате во разни работни групи или тела каде МКА-2000 е поканета да делегира свои претставници,
  • Можност активно да учествувате во градењето на стратегијата и плановите на МКА-2000.

Пополнете ја пристапницата и зачленете се во МКА-2000

Word 2 icon

 

 

Контакт информации

ул. Никола Вапцаров бр.2, 5-ти спрат
1000, Скопје, Македонија

+389 (02) 3216 903

mca2000info@gmail.com

МЦА 2000

Име
Email