Што е МКА

АСОЦИЈАЦИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ МКА - 2000 Скопје

е независна, самостојна, доброволна и непрофитна организација, во која доброволно се здружени полнолетни граѓани, државјани на Република Македонија.

Асоцијацијата е невладина и непартиска организација.

Седиштето на Асоцијацијата е на адреса:

ул. Никола Вапцаров бр.2, 5-ти спрат, 1000 Скопје. 

 

Асоцијацијата во своето работење остварува определени цели и задачи од областа на општото деловно советување, а во тие рамки и на специјалноста - менаџмент консалтинг, како и на други сродни активности од интерес на членовите на Асоцијацијата.

Асоцијацијата своите цели и задачи ги остварува врз основа на стручност, непристрасност, независност, доброволност и солидарност, како фундаментални принципи во делувањето.

Асоцијацијата има својство на правно лице, со права, обврски и одговорности согласно Уставот на Република Македонија и Законите. Работата во организацијата е јавна.

Јавноста се обезбедува преку известување во средствата за јавно информирање за сите поважни одлуки, ставови и заклучоци донесени од страна на органите на организацијата.

 АСОЦИЈАЦИЈАТА МКА - 2000 ги има следните цели и задачи:

  • Организира соработка на менаџмент консултанти, a со цел за учество и заеднички настап во одделни проекти.
  • Организира Сертификациски испити за стекнување на меѓународно призната титула: ЦМЦ (Сертифициран Менаџмент Консултант), врз основа на процедури на меѓународната организација ИЦМЦИ – ICMCI (International Council of Мanagement Consulting Institutes).
  • Соработка со други слични домашни и странски асоцијации или организации. МКА-2000 е придружен член на ИЦМЦИ (ICMCI) од 2003 год.
  • Учество во организирањето на различни облици на организирање и активности на консултанти-членови на Асоцијацијата.
  • Соработка со државни органи и институции, органи на локалната самоуправа, стручни и научни установи и организации во Република Македонија заради помагање на Р. Македонија во интегративните Евро-атлански интегративни процеси.
  • Соработка со деловни субјекти (трговски друштва) од земјата и од странство во градење на конкурентност (конкурентна предност) на Македонското стопанство.
  • Реализира и други активности со цел за унапредување и усовршување на струката менаџмент консултант.
  • Други неспомнати активности согласно на законите на Р. Македонија.

Пополнете ја пристапницата и зачленете се во МКА-2000

Word 2 icon

 

 

Контакт информации

ул. Никола Вапцаров бр.2, 5-ти спрат
1000, Скопје, Македонија

+389 (02) 3216 903

mca2000info@gmail.com

МЦА 2000

Име
Email