Пристапница МКА 2000

 Покана за членство

Почитувани поранешни, сегашни и идни членови на МКА‐2000,
Во периодот од 2000‐та до денес, во изминатите 16 години, МКА постојано работеше на унапредување на професијата менаџмент консалтинг и има постигнати забележителни резултати. МКА работи на зголемувањето на сопствените капацитети заради остварување на поголемо влијание во остварувањето на својата мисија за подобрување на условите за работа на консултантите. Колку сме посилни толку повеќе ќе можеме да се избориме за нашите интереси.
Станете дел од МКА‐2000 и дајте свој придонес кон професијата.
МКА ќе обезбеди за своите членови низа поволности, од обезбедување на информации за тендери, разни релевантни настани, сертификација и ресертификација, дружба со фелата, обуки, застапување и друго. Новата интернет страна нуди можност за презентирање на секој член поединечно со негов профил и биографија во базата на консултанти која ќе може да се пребарува по повеќе критериуми.
Доколку досега не сте биле член потребно е да пополните пристапница во прилог, каде ќе најдете и подетални информации за поволностите од членувањето во МКА‐2000.
Секој член плаќа годишна членарина од 3.500 денари.
Сертифицираните членови плаќаат по 5.500 денари.
Доколку ви се потребни повеќе информации обратете се нашата електронска пошта.
По извршена уплата на сметка на МКА ќе добиете соодветна фактура.
Уплата во Комерцијална Банка на сметка 300000002909066
за АСОЦИЈАЦИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ МКА‐2000 СКОПЈЕ


Срдечен поздрав
Претседател на МКА‐2000
Влатко Данилов

 

ПРИСТАПНИЦА МКА 2000

Пополнете ја пристапницата и зачленете се во МКА-2000

Word 2 icon

 

 

Контакт информации

ул. Никола Вапцаров бр.2, 5-ти спрат
1000, Скопје, Македонија

+389 (02) 3216 903

mca2000info@gmail.com

МЦА 2000

Име
Email