Анализа и оценка на курикулумот според ЕКВЕТ/ЕРК/МРК

Анализа и оценка на курикулумот според ЕКВЕТ/ЕРК/МРК

Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА 2000 во рамките на проектот ве „Иновентер – Иновативна обука за стручно образование во сферата на социјалното претприемништво (INNOVENTER BMP1/1.3/2738/2017 дел од Interred BalkanMed) организираше две работилници во Скопје на теме – Анализа и оценка на курикулумот според ЕКВЕТ/ЕРК/МРК. Работилниците се одржаа во Хотел Порта на 05 и 06 јули.

 На работлницата присуствуваа претставници од државните институции, експерти, наставници од средни стручни училишта, универзитетски професори, НВО и социјлани претпријатија. 

Тема на работилницата на – инофрмативна и промотивна работилница 

  – презентација на проектот и работните пакети 3 и 4

– детална презентација на курикулумот, прирачникот за наставници и  наставниот материјал (15 модули)

–  ЕКВЕТ/ЕРК/МРК – анализа и оценка на курикулумот и наставниот материјал и негова усогласенсот со ЕКВЕТ/ЕРК/МРК.

–  усогласеноста со МРК и македонската правна рамка за социјално претприемништво

– дискусија

Целта на работилницата е презентација и запознавање со проектот како и презентација на курикулумот, прирачникот за наставници и  наставниот материјал и да се добијат мислења од експерти во врска со материјалот и неговата примена во средните стручни училишта и центри за обук и негова усогласеност со Македонската рамка на квалификации (МРК) како и можноста за акредитирање на обуката во Република Македонија . Од средината на август ќе продолжиме со целосни повеќе настани меѓу кои ќе има и дводневни обуки за социјално претприемништво и пилотирање на прокетот во Скопје, Битола и Охрид.

Експертите кои се вклучени во проектот и ќе ги држат презентации и предавањата се Проф. д-р Васил Поповски  и Бети Деловска долгогодишен консултант и обучувач.