Стратегија

СТРАТЕГИЈА НА МКА -2000

за период 2012-2017

Воведни напомени

    1. Пазари на консултаски услуги

Консултантскиот сектор подолго време зазема забележително место во развиените земји. Неговото учество[1] во БДП на ЕУ бележи постојан раст од 0,24 % во 1998 на 0,65% во 2009 година или 86, 1 милијарди евра. Во рамки на националните економии консултансткиот пазар има различно учество во БДП од  0,07% во Полска до 1,1 % во Велика Британија и истиот има тенденција на постојан пораст. Причината за ова е јасната перцепција за потребата од консултатски услуги и изграденоста на професијата преку јасното дефинирање во националните номенклатури на занимања и постоење на квалификации и вештини за нивното функционирање на пазарот.

Во земјите на Југоисточна Европа каде припаѓа и Република Македонија консултантскиот пазар е сеуште мал ( 3,6 % учество во вкупниот европски пазар)  но со пораст во неговото учество во националните БДП.[2] (со 0,01% учество во БДП се Бугарија и Босна , со 0,2% се Словенија и Хрватска, 0,4% во Романија и 1,5% во Русија) Проценки за Македонија се дека тој се движи околу 0,01% од БДП.

  1. Трендови

Трендовите на интернационализација на националните економии на Балканот, приближувањето кон ЕУ, примената на меѓународните стандарди, расположивите ЕУ фондови, менувањето на структурата на националните стопанства, поддршката на иновативноста и конкурентноста, трендовите за зголемување на регионалната трговија и привлекувањето на странски инвестиции креираат нови пазари за консултанските услуги. Поточно ориентацијата кон економии на знаење отвараат нови перспективи за консултантите како агенти за промени и трансфер на знаење.

За жал во Македонија секторот консултанство не е искористен за подобрување на перформансите на националната економија преку раст на претпријатијата,  развојот на пазарите и/или мобилизирање на финансиски средства.

  1. Акција на МКА-2000

Надминувањето на постојниот гап во Македонија помеѓу потребите од консултански услуги од една страна и актуелната понуда и побарувачка од друга страна бара континуиран ангажман во повеќе области.

За да излезе во пресрет на овој предизвик Менаџмент Консалтинг Асоцијација на Македонија, МКА-2000  отпочна со изработка на долгоочна стратегија на асоцијацијата  За таа цел Управниот Одбор на МКА-2000 формираше комисија  за изработка на стратегијата. Пристапот во изработката е да се согледат можностите за надминување на постојните гапови и лоцирање на идните акции во однос на  неколку прашања:

1.3.1. Како до  бизнис клима  за раст и развој на консултансткиот пазар?

Идејата е да се согледа перцепцијата на членството, јавноста и корисниците на консултански услуги во однос на менаџмент консултантите, Анализа на опкружувањето  треба да го покаже влијанието што го има развојот и движењата  во економијата и општеството врз професијата. Мапирање на институциите кои имаат влијание врз професијата во РМ и надвор од РМ. Кои се можностите кои ги нудат институциите? Влијанието на донаторите и меѓународните институции врз развојот на пазарот? Кои партнерства се потребни за градење на позитивна клима за консалтинг секторот?

1.3.1..Како да се профилира понудата, подобри конкурентоста, и применат стандарди на професијата

Намерата е јасно да се дефинира професијата со можностите таа да се вгради во националната номенклатура на занимања. Дали дефинирањето на квалификациите и вештините за бавење со  менаџмент консултантство може да диференцира од сите што се баваат со оваа професија илегално или се преставуваат како консултанти. Истотака може ли да се наметне систем на здобивање на квалификации за места од јавниот сектор кои можат успешно да се извршуваат само доколку се поседуваат консултантски квалификации и вештини.

Кои се можностите за подобрување на понудата и конкурентоста на македонските консултанти, како да се овозможат партнерства и вмрежувања  за збогатување и/или овозможување интегрирана понуда на консултански услуги

1.3.2. Како да се потикне побарувачката за консултански услуги.

Како да се влијае на побарувачката за препознавање на потребата и подигање на свеста  на плаќање на вистинската вредност на консултанските услуги за успешни пазарни перформанси.  Какви односи со јавноста и кои маркетинг средства можат да обезбедат заеднички настап кон побарувачката за нејзино поттикнување

Со ова не се исцрпуваат листата на прашања што треба да се одговорат за да се намали гапот што стои на патот на зголемување на учеството на консултантскиот пазар во националниот БДП.

  1. Потребата од широка поддршка  и вклучување на сите актери во акцијата

Во дефинирањето на стратешките насоки ќе се користат анализи на документи, ќе се организираат фокус групи со заинтересираните страни, анкети, истражувања и консултирање на стручна јавност.

Но сепак најголема вредност од изработката на стратегијата ни е широкото вклучување на вас заинтересираните за професијата која ви преставува извор на егзистенција, социјален статус  и самопотврдување. Затоа сметаме дека имате право и обврска да дадете свој придонес во донесувањето и спроведувањето на стратегијата.   Ништо нема да се случи ниту во опкружувањето, ниту на консултанскиот пазар ако ние самите не ставиме нешто таму.

Знаеме дека сте заинтересирани за овој процес, потребен на секој од нас, и ве сметаме за драгоцен ресурс кој може да направи нешто за професијата. Вашиот развој како поединец е ограничен доколку не расте  групата  каде припаѓаме. Затоа ве очекуваме со вашите предлози, коментари и сугестии.