Реализирани два проекти за евалуатори, финансирани со грантови од IOCE

Реализирани два проекти за евалуатори, финансирани со грантови од IOCE

МКА 2000 е добитник на 2 гранта на повикот на IOCE (Меѓународна организација за соработка во евалуација) за проекти во областа на евалуација на проекти и професионални стандарди за евалуатори.

Првиот проект: RI-MEN,Регионална интеграција на македонската мрежа на евалуатори  ќе се спорведе во партнерство со Мрежата на евалуатори од Западен Балкан, со седиште во Љубљана ( WBEN) .  Фокуст на проектот е јакнење на капацитетот на МКА 2000 за евалуација на политики и опфаќа три главни компоненти: 1) Идентификување на потребите на институциите и професионалните евлуатори; 2) институционално јакнење на македонската мрежа на евалуатори ( групација во рамки на МКА-2000) и 3) Регионално интегрирање во мрежата на евалуатори на Запден Балкан ( преку средби и заеднички проекти)
Тимот на проектот: Влатко Данаилов- тим лидер; Зденка Николовкса и Васко Карнагелески , членови на тимот.
Време на реализација: Октомври 2014 – Март 2015 година

Вториот проект :EVALCOMP RO-MK Партнерство за зајакнување на капацитетите за евалуација во Македонија преку промовирање на  искуства меѓу VOPEs во врска со сертификација евалуаторите ќе се спорведе во пaртнерство со  Асоцијација на евалуатори од Румунија  (RoSE). Проектот опфаќа активности за поголема видливост на компетенциите на евалуаторите согласно искуствата на ЕУ.  Главни компоненти на проекто се: 1) размена на искуства за најдобри практики во областа на мониторингот и евалуацијата;  2) Трансфер на знаење за сертифицирање на компетенциите на евалуаторите  и 3) дизајнирање на рамка на комптентции на македонската мрежа на евалуатори.
имот на проектот: Јане Вртески – тим лидер; Светлана Петровска и Ана мешковска  членови на тимот Ристо Иванов- оценувач
Време на реализација: Октомври 2014 – Март 2015 година