Органи

Собранието е највисок орган на Асоцијацијата и во него партиципираат членови со платена членарина за тековната година.Собранието одлучува полноважно ако на седницата присуствуваат повеќе од половина членови.Собранието донесува одлука ако на неа гласаат повеќе од половината на присутните членови. Редовната седница на Собранието по правило се одржува еднаш годишно, а во текот на годината по иницијатива на Претседателот на Асоцијацијата.Седница може да се свика и по барање на најмалку една половина од членовите, или по барање на Управниот одбор. Седницата на Собранието ја свикува Управниот одбор најмалку 10 дена пред одржувањето. Со работата на Собранието раководи Претседателот на Асоцијацијата. Органите и телата на Асоцијацијата, Собранието ги конституира согласно овој Статут.

Членови на Собрание во 2017 година се:

Реден Број Членови на МКА 2000
1 Ана Мешковска
2 Aна Темелковска
3 Андреј Ѓокиќ
4 Александар Целески
5 Бети Деловска
6 Васко Темелковски
7 Венера Гудачи,
8 Викторија Саздова
9 Влатко Данилов
10 Глигор Михаиловски,
11 Елизабета Кочовска Ицева
12 Зденка Николовска
13 Зоран Велковски
14 Зоран Стојковски,
15 Иван Игњатов
16 Игор Мишевски
17 Искра Спировска,
18 Јане Вртевски
19 Јасмина Трајковски
20 Љубомир Гајдов
21 Љубомир Димовски
22 Нина Бабушковска
23 Ристо Иванов
24 Рикардо Пинто
25 Сања Аризанова
26 Синиша Пекевски
27 Татјана Петрическа
28 Терезе Серафимова
29 Тодор Стојчевски
30 Хари Шутовски

Управниот одбор е извршен орган на Собранието на Асоцијацијата.Управниот одбор е составен од 5 (пет) полноправни членови на Асоцијацијата. Сите членови на Управниот одбор имаат еднакви права и обврски.Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 3 години. Членовите на Управниот одбор може да бидат реизбрани повеќе пати.

Членови на Управен Одбор се:

1. Влатко Данилов, Претседател на Асоцијацијата и на Управен одбор

2. Зденка Николовска, членови на Управниот Одбор

3. Светлана Петровска, членови на Управниот Одбор

4. Васко Темелковски, членови на Управниот Одбор

5. Глигор Михаиловски, членови на Управниот Одбор.

Надзорниот одбор ја надгледува законитоста на работењето на Асоцијацијата согласно Статутот, а особено во делот на финансиското работење.

Надзорниот одбор е составен од 3 (три) члена, полноправни членови на Асоцијацијата.

Во вршењето надзор над работата на Асоцијацијата, Надзорниот одбор донесува акти и препораки за другите органи на Асоцијацијата.

Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 3 години.

Членовите на Надзорниот одбор можат да бидат реизбрани повеќе пати.

Членовите на Надзорниот одбор меѓу себе избираат Претседател на Надзорниот одбор.

Ако член на надзорниот одбор не ја подмири членарината за тековната година, во рок од првите четири месеци во истата година, неговиот мандат по автоматизам престанува.

Членови на Надзорен Одбор се:

  1. Ристо Иванов – Претседател на НО
  2. Ана Мешковска -член на НО
  3. Јане Вртевски – член на НО

Претседател на Асоцијацијата е секогаш и Претседател на Управниот одбор. Претседателот на Асоцијацијата ја застапува и ја претставува Асоцијацијата. Во случај на потреба Асоцијацијата може да ја застапува и претставува и друг член од Управниот одбор на организацијата, a по овластување на Претседателот. Потписник за извршување на материјалното и финансиското работење на Асоцијацијата е Претседателот на Асоцијацијата. По одлука на УО потписници може да бидат и други лица со колективен потпис (Секретар и Претседател ЦМЦ Одбор). Мандатот на Претседателот трае 3 години, со право на еден реизбор.Претседател на МКА 2000 е Влатко Данилов.

Одбор за ЦМЦ Осертификација (согласно ИЦМЦИ – ICMCI)

Одборот за ЦМЦ сертификација е задолжен за сите прашања околу сертификацијата ЦМЦ (Сертифициран менаџмент консултант) која се врши согласно процедурите на меѓународната организација на МК (деловни советници, менаџмент консултанти) ИЦМЦИ со седиште во Холандија.Во Одборот за ЦМЦ сертификација членуваат 3 консултанти кои го поседуваат звањето ЦМЦ (Сертифициран менаџмент консултант). Одборот за сертификација е стручно тело, независно од Управниот одбор, кое раководи со спроведување на постапките за ЦМЦ сертификација. Нив ги избира Собранието на МКА-2000 спрема критериуми: поседување на ЦМЦ звање и исполнување на етички и професионални критериуми. Одборот за ЦМЦ сертификација од своите редови избира Претседател кој раководи со процесот на сертификација во МКА-2000. Мандатот на членовите на Одборот за сертификација и на Претседателот трае 3 години.

Членови на Одбор за ЦМЦ сертификација се:

  1.  Јасминка Трајковски, Претседател на ЦМЦ Одбор
  2. Нина Бабушковска, член на ЦМЦ Одбор
  3. Викотрија Саздова, член на ЦМЦ Одбо

Комитет за иновативност уредува иновациската дејност, принципите, целите и организацијата на примената на резултатите од иновациската дејност, научноистражувачката дејност, техничките и технолошките знаења, пронајдоците и иновациите, како и основањето, статусот, надлежностите, управувањето и раководењето, финансирањето, надзорот над работата, како и други прашања поврзани со работата на МКА 2000. Членови на МКА 2000 се:

  1. Љубомир Гајдов
  2. Ана Мешковска
  3. Александар Целевски

Комитет за обука и едукација

Комитет за обука и едукација е составен од членовите:

  1. Васко Темелковски
  2. Зденка Николовска
  3. Бети Деловска

Комитето за ПР е посветен на претставувањето на МКА 2000 во јавноста, се грижи за односите со медиумите, корпоративните комуникации, внатрешни и надворешно комуникации, менаџирање на настани се со цел подобро претставување на МКА 2000. Задолжен е за убтрдување на едногодишна стратегија на МКА, медиумски план и позиционирање.

Членови на Комитетот за ПР се:

  1. Синиша Пекевски
  2. Андреј Ѓокиќ
  3. Тодор Стојчевски

Поради успешна примена наделовна етиката во секојдневното работење членовите на МКА 2000 имаат Комитетот етички и професионални прашања.Комитетот ги поставува стандардите за тоа што е добро или лошо во водењето и во одлучувањето. Етиката се справува со внатрешните вредности кои се дел од организациската култура и ги обликува одлуките вклучувајќи ја социјалната одговорност со почит кон надворешната околина. Членови на Комитет за етички и професионални прашања е составен од:

  1. Љубомир Гајдов, Претседател на Комитет за етички прашања
  2. Бети Деловска,член на Комитет
  3. Соња Ингилизова, член на Комитет