Пристапница за членство

Покана за членство

Почитувани поранешни, сегашни и идни членови на MCA 2000,
Во периодот од 2000‐та до денес, во изминатите 18 години, MCA 2000 постојано работеше на унапредување на професијата менаџмент консалтинг и има постигнати забележителни резултати. MCA 2000 работи на зголемувањето на сопствените капацитети заради остварување на поголемо влијание во остварувањето на својата мисија за подобрување на условите за работа на консултантите. Колку сме посилни толку повеќе ќе можеме да се избориме за нашите интереси.

Станете дел од MCA 2000 и дајте свој придонес кон професијата.
MCA 2000 ќе обезбеди за своите членови низа поволности, од обезбедување на информации за тендери, разни релевантни настани, сертификација и ресертификација, дружба со фелата, обуки, застапување и друго. Новата интернет страна нуди можност за презентирање на секој член поединечно со негов профил и биографија во базата на консултанти која ќе може да се пребарува по повеќе критериуми.

Доколку досега не сте биле член потребно е да пополните пристапница во прилог, каде ќе најдете и подетални информации за поволностите од членувањето во MCA 2000.

Секој член плаќа годишна членарина од 3.500 денари.
Сертифицираните членови плаќаат по 5.500 денари.

Доколку ви се потребни повеќе информации обратете се нашата електронска пошта.

По извршена уплата на сметка на MCA 2000 ќе добиете соодветна фактура.
Уплата во Комерцијална Банка на сметка 300000002909066
за АСОЦИЈАЦИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ МКА‐2000 СКОПЈЕ

Срдечен поздрав
Претседател на MCA 2000
Влатко Данилов